Тажна вест од Германија го потресе фудбалскиот свет. Во страшна сообраќајна несреќа, која се случи во близина на градот Карлсруе, загинаа пет лица, а четворица од нив се членови на локалниот фудбалски нисколигаш Алеманија Егенштајн.
Меѓу загинатите има двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен фудбалер, сите се на возраст меѓу 25 и 29 години.
„Алеманија е во длабока тага по загубата на нашите фудбалери Дани Цимерер и Тим Палушка, физиотерапевтот Леони Буркарт и поранешниот фудбалер Филип Домер. Сите четворица не напуштија прерано во трагична несреќа. Многу ќе ни недостигате! Изразуваме длабоко сочувство до родителите, семејството и пријателите во овие тешки моменти“, објави германскиот клуб.