Она што “Спортмедиа“ го најави уште синоќа, од денеска е и официјално. Горан Симов, екс-стратегот на Силекс и Вардар, од денеска седна на клупата на Македонија ЃП. Па така откако тој некогаш играше за “лавовите“, сега ќе биде и тренер на клубот од Ѓорче.
Симов веднаш се фати со работа, а за клупските социјални мрежи истакна:
„Доаѓам во добро позната средина, мојот прв клуб во Македонија. Како голман бев член на генерацијата што донесе прв куп пехар во Ѓорче, и тука сум бидејќи верувам во овие играчи и сум убеден дека и како тренер ќе го освојам куп пехарот.“