Македонскиот репрезентативец Валон Етеми повторно постигна гол за Истанбулспор. Овојпат Истанбулспор го совлада Сивас со 3:0 во меч од 25 коло на турската Суперлига, а Етеми го реализира првиот гол на мечот, во 7.минута од пенал.
Тоа е негов 10-ти гол сезонава, а Истанбул ја запиша седмата победа и е во добар ритам со три едноподруго победи со кои направи скок на 16-тата позиција на табелата и има добри шанси да избори опстанок затоа што и екипата пред неа Сивас има исто бодови (по 24), а над нив три екипи имаат по бод повеќе.
@istanbulspor vs @Sivasspor
1 – 0 pic.twitter.com/KBU9981TaB— Ruh Hastası 😈 1907 (@bugratr81) March 13, 2023