Иран има нов селектор, ама не е по вкусот на навивачите

202

Амир Галеноеи е новиот селектор на репрезентацијата на Иран, објави локалната новинска агенција ИРНА. 59-годишниот стратег по вторпат во кариерата застанува на чело на тимот. Тој доаѓа на местото на Португалецот Карлос Кеирош, кој си замина во декември по елиминацијата на Светското првенство во Катар.

Иран по шестипат се пласираше на Мундијалот, но и во овој обид не успеаја да ја мине групната фаза. Првиот период на Галеноеи на чело на Иран беше од 2006 до 2007 година, кога немаше поголем успех со репрезентацијата на Иран, но останува еден од најпочитуваните тренери во земјата на клупско ниво со пет титули.

Сепак, фудбалските фанови во Иран не се задоволни од одлуката на федерацијата, бидејќи сметаат дека новиот национален селектор се потпира на премногу конзервативна стратегија. Тие се надеваа дека на чело на тимот ќе го видат легендарниот напаѓач Али Даеи.

ПретходноПоп Арсова победи на полумаратон во Грција поставувајќи нов рекорд на патеката
СледноВо тешка сообраќајна несреќа загинаа фудбалери на германски фудбалски клуб