Клуб од Саудиска Арабија на Заха му нуди плата од 10 мил. евра

174

Напаѓачот Вилфред Заха деветта сезона по ред игра во Премиер лигата за Кристал Палас. Договорот му истекува на лето и се отвора можност кариерата да ја продолжи во странство. За него се интересира Ал Итихад од Саудиска Арабија кој е спремен да му понуди на репрезентативецот на БС Коска 10 милиони евра и тоа чисти пари, без данок.

А Кристал Палас сака да ја задржи својата главна ѕвезда и е спремен да го собори клупскиот рекорд во висина на платата. На „Селхарст парк“ се спремни да му понудат 220.000 евра неделно, што е околу 12 милиони евра на годишно ниво. Но тоа бруто плата, делот кој Заха би го добил изнесува околу 7 милиони евра.

Заха има 452 настапи за Кристал Палас, само Тери Лонг (480) и Џим Кенон (660) имаат повеќе од него во најсилната англиска лига.

ПретходноГвардиола пред реваншот со Лајпциг: Ние целиме на трофејот во ЛШ
СледноСалернитана му „откина“ бод на Милан на „Сан Сиро“