Меси веќе добил понуда: Дали љубовта кон Барса ќе биде поголема од парите?

545

Во летото 2021 година Лионел Меси после 21 година го напушти тимот на Барселона и како слободен играч се пресели во ПСЖ. Со новиот клуб освои се во домашното првенство, но Лигата на шампиони остана неостварен сон за Аргентинецот, две сезони по ред ПСЖ е елиминиран во осминафиналето.

На крајот на оваа сезона договорот на Меси истекува, засега не е познато дали ќе биде продолжен или тој ќе се врати во каталонскиот гигант.

Кам-бекот на Аргентинецот била една од темите меѓу таткото на Меси, Хорхе и првиот човек Жоан Лапорта, кој по секоја цена го сака во нападот.

Според пишувањата на германски „Билд“, Каталонците веќе имаат направено план за враќање на Меси, неофицијално Барса испратила понуда до него. Двегодишна соработка и мини-плата (10 милиони евра). Засега не е познатата реакцијата на Меси, но сигурно е дека ПСЖ има моќ кога станува збор за финансискиот дел.

Аргентинецот нема да стави потпис со сегашниот тим доколку не добие плата колку сегашната која изнесува 40 милиони евра годишно. Покрај ова тој бара гаранција дека ќе биде стартер без разлика кој ќе биде тренер.

Останува да видиме дали Меси ќе ги одбере парите или љубовта кон Барса.

ПретходноБритански „Телеграф“ пишува: Клоп сака на лето да го продаде Салах!?
СледноЈовиќ пред Нексе: Од играчите барам лавовска бобреност!