Бразилскиот напаѓач од екипата на ПСЖ, Нејмар, изјавил дека планира да ја заврши својата професионална играчка кариера како дел од парискиот клуб.
31-годишниот бразилски напаѓач, кој има договор со ПСЖ до 2027 година, не сака да игра за ниту еден друг клуб до крајот на кариерата и затоа ќе прифати и нова соработка со Французите во скоро време.
Со оглед на неподготвеноста на Нејмар да го напушти францускиот тим и висината на неговиот трансфер во 2017 година, ќе бидат потребни сериозни финансиски инвестиции за трансфер на Бразилецот во друга екипа.
Нејмар поради повреда повеќе нема да игра оваа сезона. Тој деновиве беше успешно опериран во Доха каде почна и со рехабилитација.