Партизан од -20 до победа над Црвена Звезда пред рекорден број на гледачи

356

Кошаркарите на Партизан ја совладаа Црвена Звезда во дербито на 21 коло на АБА лигата со резултат 92:81 и со тоа му се реваншираа на ривалот за поразот во првото овосезонско дерби. „Црно-белите“ имаа фантастичен кам-бек во мечот затоа што во еден момент Звезда имаше предност од 20 поени.

Во второто полувреме „црно-белите“ беа подобри и го свртеа резултатот во своја корист и ја однесоа победата. Најефикасен кај победничкиот состав беше Матијас Лесор со 27 поени, а Ледер имаше 17 и Егзум 15.

На другата страна, Факундо Кампацо постигна 21 поен, Митровиќ 15 и Бентил 10 поени.

Инаку овој меч собори и рекорд по посетеност во АБА лигата. Имено, белградското дерби го следеа 17.000 луѓе со што е соборен претходниот рекорд кој исто така го држеше Партизан на мечот против Будуќност во сезоната 2019/20 кога во салата имаше 16.531 гледач.

ПретходноСалернитана му „откина“ бод на Милан на „Сан Сиро“
СледноСудијата му поништи, но ВАР му призна гол на Мората за победа на Атлетико (видео)