Пелистер и Симиќ, можна пресметка во АБА2 полуфиналето!

101

По комплетирањето на последниот натпревар од турнирот во Широки Бријег, познати се осумте екипи кои ќе учествуваат во разигрувањето за титулата во АБА2 лигата.

Пелистер, кој основниот дел од регионалното натпреварување го заврши на осмото место, во четвртфиналето ќе се сретне со лидерот Хелиос.
Овој тим ќе биде организатор на завршниот турнир што од 12 до 16 април ќе се одржи во Домжале.
На страната на Пелистер, во ждрепката, е и тимот на Теодор Симиќ, Борац Бања Лука кој во босанското дерби ќе се сретне со Широки.
Четвртфинале:
(1) Хелиос – Пелистер
(2) Борац – Широки
(3) Крка – Сутјеска
(4) Подгорица – Златибор

Полуфинале: Победник 1 – Победник 2, Победник 3 – Победник 4.

ПретходноИ официјално: Горан Симов е нов шеф на стручниот штаб на Македонија Ѓ.П!
СледноНејмар планира да ја заврши кариерата во дресот на ПСЖ