Се знае казната за Каземиро, Јунајтед нема да се жали!

425

Бразилецот во дресот на Манчестер Јунајтед на мечот викендов со Сутемптон направи голема глупост кога стартуваше непотребно, па и “крвнички“ на ногата на еден противнички фудбалер при што доби црвен картон.

По ова тој е казнет од страна на надлежните во ПЛ со четири меча забрана за настап. Тоа значи дека тренерот Тен Хаг не ќе може да смета на него дури до 15 април, и тоа на средбите со Фулам, Брентфорд, Евертон и Њукасл. Ќе може да настапи дури на мечот со Нотингем Форест кој се игра на 15 април.

Инаку добра вест за Јунајтед е што тој ќе биде одморен за натпреварите во Лигата на Европа.

Интересно, од таборот на Манчестер Јунајтед најавуваат дека тие немаат намера да се жалат на висината на казната за својот фудбалер.

ПретходноГоран Симов: Убеден сум дека и како тренер на Македонија ЃП ќе го освојам пехарот во Купот!
СледноЛотар Матеус: Ова е најквалитетниот Баерн во историјата!