Скандалите во Шпанија никако да запрат: Судија го обвини Перез дека го заклучил во соблекувалната

2169

Скандали и понатаму го тресат шпанскиот фудбал! Деновиве излегуваат нови информации за тоа како гигантите на светскиот фудбал, Барселона и Реал Мадрид се обидувале да влијаат врз судиите. По случајот „Негреира“ и официјалното обвинение против Барселона од страна на обвинителството, синоќа друг поранешен судија проговори за ситуација од сезоната 2010/11 кога претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се обидел да влијае врз него.

Станува збор за судијата Едуардо Итуралде Гонзалес кој судеше во Ла Лига меѓу 1995 и 2012 година. Во последниве денови, тој излезе во одбрана на судиите во случајот „Негреира“, откако клупската телевизија на Реал Мадрид прикажа прилог во кој се сумирани грешки на Гонзалес направени на натпреварите на кои му судел на Реал. Ова очигледно го натера Итуралде Гонзалес да раскаже за еден инцидент по натпреварот меѓу Реал Мадрид и Депортиво Ла Коруња во сезоната 2010/11, кога „кралевите“ победија со 6-1.

„Оваа телевизија функционира на таков начин. Ако се новинари, дали треба да истражат кој ме повикал во посебна просторија? Проучи го тоа и потоа ќе видиш како одредени луѓе се обидуваат да вршат притисок. По победата од 6-1 против Депортиво, натпреварот завршува, го напуштаме теренот и се збогувам со моите помошници. Еден човек, кој ме носи во собата за судии, ми вели: „Сакам само да ми свириш како што и судиш на Барса“. Овој човек е од Реал Мадрид. Го прашав дали се шегува и му кажав дека разговорот е завршен. Сакаше да ме заклучи сам во собата. После половина час, Техничкиот комитет на судиите веќе знаеше за ова. Пријавив зашоа што ми изгледаше сериозно. Ништо не се случи. Оној што ме внесе во собата беше Флорентино Перез. Не морам да се кријам. Има извештај. Сега нека истражат што значи притисок“, рече Едуардо Итуралдес Гонзалес, кој сега се појавува и како аналитичар во Кадена СЕР.

ПретходноШведска не може без него: Ибра прави кам-бек во репрезентативниот дрес?
СледноБритански „Телеграф“ пишува: Клоп сака на лето да го продаде Салах!?