Шок: Видиќ се откажа, Џајиќ ќе биде нов претседател на ФСС!

726

На само ден пред изборот за нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, еден од двајцата кандидати, а тоа е Немања Видиќ ја повлече својата кандидатура. Тоа значи дека сега Драган Џајиќ нема противкандидат и на утрешниот избор ќе биде избран токму тој.

Се разбира дека ова беше шокантен потег на некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед, но само за оние кои не ги знаат доволно приликите во фудбалска Србија.

Повеќе од јасно беше дека Видиќ немаше шанси против Џајиќ, тука на големо се вмеша и политиката, и тоа нему му јасно па затоа и не сакаше утре на изборот да се бламари.

Ќе видиме како Џајиќ ќе се снајде како прв човек на ФСС ако се знае дека човекот веќе има 76 години, или пак тие што го урнисаа фудбалот досега во Србија и натаму ќе го водат главниот збор.

ПретходноГолемиот талент Дино Михолов вчера дебитираше за Брегалница во ПМФЛ!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 23.КОЛО: “Лавот“ Стевковски знае како против лидерот