Јовиќ пред Нексе: Од играчите барам лавовска бобреност!

165

Пелистер покрај елиминацијата во Европската лига, во ерата на екс-стратегот Ларс Валтер дојде до една победа во првите три меча во СЕХА-лига, па прва задача за новиот стручен штаб ќе биде токму регионалното натпреварување.

Битолскиот тим утре на домашен терен го пречекува Нексе, кој на првата пресметка славеше со 29-25 и засега го држи лидерското место во групата А, кое носи полесен противник во следната рунда.

Александар Јовиќ и неговите момци ја искористија ЕХФ-неделата да се прилагодат едни на други. Раководството на Пелистер токму за оваа пауза побараа од РФМ да биде ослободен Павле Атанасијевиќ, а на располагање ги имаа Жарко Пешевски и Марио Танкоски, двајца играчи кои се најдоа на списокот на Лазаров, но пријавија повреди. На голема среќа истите не се сериозни, па и двајцата веднаш се ставија во погон за време на подготовките.

„Нè чека тежок натпревар со една одлична екипа, која преферира динамична игра. Од овој натпревар на секој натпревар ќе играме на победа. Она што го видовме во овој краток период ни дава до знаење дека имаме добри индивидуалци, кои треба да ги вклопиме во добар тим. За тоа треба и малку време. Од играчите барам лавовска бобреност и да го спроведат тоа што го тренираме овие пет дена. Битола е најракометен град и мислам дека во вторник ќе се покажеме во поинакво светло, со многу борбеност со подобар ангажман и од страна на играчите, и од страна на клупата“, изјави Јовиќ пред овој дуел. 

ПретходноМеси веќе добил понуда: Дали љубовта кон Барса ќе биде поголема од парите?
СледноИ официјално: Горан Симов е нов шеф на стручниот штаб на Македонија Ѓ.П!