Кошаркарите на Њујорк Никс синоќа го победија Лос Анџелес Лејкерс со 112:108, со што ставија крај на серијата од три последователни порази во НБА и повторно им се вратија на победите. Лејкерси на 19,3 секунди до крајот ја завршија серијата 8:0 со кошот на Денис Шрудер и ја намалија разликата на два поени (110:108).
Победата на гостите ја потврди поранешниот играч на Лејкерс, Џош Харт, кој на пет секунди до крајот ги погоди двете слободни фрлања. Ова е прва победа на Никс на гости против Лејкерс од 2019 година.
Најефикасен во победничкиот тим беше Џулиус Рендл со 33 поени, Барет додаде 30 поени, додека Имануел Квикли постигна 15 поени.
Сезонски рекорд во дресот на Лејкерси постигна Дианџело Расел со 33 поени и осум асистенции, а Ентони Дејвис забележа дабл-дабл учинок со 17 поени и 16 скока. Никс се на шестото место во Источната конференција, додека Лејкерси ја прекинаа серијата од три последователни победи и сега се на 12. место во Западната конференција.
Филаделфија на домашен терен го совлада Вашингтон со 112:93 и ја забележа петтата последователна победа. Џоел Ембид го предводеше домашниот тим до убедлива победа со 34 поени и осум скока, а Џејмс Харден оствари дабл-дабл учинок со 18 поени и 14 асистенции.
Претходно синоќа кошаркарите на Денвер беа поразени на свој терен од Бруклин со 120:122. Никола Јокиќ во поразот на Денвер забележа 35 поени, 20 скока и 11 асистенции за нов трипл-дабл. Бруклин до победата го предводеа Микал Бриџис со 25 поени и Николас Клакстон со 20 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Денвер – Бруклин 120-122
Шарлот – Кливленд 108-114
Филаделфија – Вашингтон 112-93
Њу Орлеанс – Портланд 127-110
Сан Антонио – Оклахома 90-102
ЛА Лејкерс – Њујорк 108-112