На 55 години почина поранешен НБА-кошаркар!

404

Фелтон Спенсер, некогашен кошаркар со 12 години искуство во НБА-лигата почина на 56 години. Детали за причината за неговата смрт засега не се објавени.

Спенсер беше избран како шести пик на драфтот во 1990 година од страна на Минесота, најголемиот успех како играч го имаше со Јута, играше финале во Западната конференција во 1994 година.

Во својата прва сезона во најсилното светско клупско натпреварување се најде во втората најдобра петорка на новајлии, додека беше седми во лигата по бројор на офанзивни скокови.

Покрај Минесота и Јута, тој настапуваше за Орландо, Голден Стејт, Сан Антонио и Њујорк.

ПретходноВТОРА ЛИГА: Работнички и Соколи остануваат во трката за второто место!
СледноГолемиот талент Дино Михолов вчера дебитираше за Брегалница во ПМФЛ!