Во тешка сообраќајна несреќа загинаа фудбалери на германски фудбалски клуб

381

Тажна вест од Германија го потресе фудбалскиот свет. Во страшна сообраќајна несреќа, која се случи во близина на градот Карлсруе, загинаа пет лица, а четворица од нив се членови на локалниот фудбалски нисколигаш Алеманија Егенштајн.

Меѓу загинатите има двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен фудбалер, сите се на возраст меѓу 25 и 29 години.

„Алеманија е во длабока тага по загубата на нашите фудбалери Дани Цимерер и Тим Палушка, физиотерапевтот Леони Буркарт и поранешниот фудбалер Филип Домер. Сите четворица не напуштија прерано во трагична несреќа. Многу ќе ни недостигате! Изразуваме длабоко сочувство до родителите, семејството и пријателите во овие тешки моменти“, објави германскиот клуб.

ПретходноИран има нов селектор, ама не е по вкусот на навивачите
СледноДуро: Бевме подобри, требаше да победиме