Милан против Салернитана стартуваше без италијански фудбалер

115

Милан игра со Салернитана во рамките на Серија А и води на полувреме со 1:0. Она што е интересно е што „росонерите“ за првпат откако во најсилната италијанска лига се доделуваат по три поени за победа, односно за првпат од сезоната 1994/95 стартуваат без ниту еден италијански фудбалер.

Тренерот Стефано Пиоли одлучи во првите 11 да има четворица Французи (Мањан, Хернандез, Жиру и Калулу), по еден фудбалер од Алжир (Бенасер), Шпанија (Брахим Диаз), БиХ (Круниќ), Португалец (Рафаел Леао), Белгија (Салемакерс), Германија (Тиав) и Англија (Томори).

На клупата од Италијанците се Калабрија, Флоренци, Побега, Тонали, Габија и голманот Миранте.

Голот за водство на Милан го постигна Оливие Жиру.

 

ПретходноЕтеми стигна до 10 голови во Суперлигата (видео)
СледноГвардиола пред реваншот со Лајпциг: Ние целиме на трофејот во ЛШ