Салернитана му „откина“ бод на Милан на „Сан Сиро“

134

Милан повторно направи кикс во домашниот шампионат со што практично се откажа од трката по титулата. По поразот од Фиорентина минатото коло, вечерва „росонерите“ одиграа 1:1 против Салернитана и тоа на „Сан Сиро“ па останаа на четвртото место на табелата со 48 бодови, 20 помалку од лидерот Наполи.
Милан поведе со погодокот на Оливие Жиру во 45 минута, меѓутоа изедначи Диа во 61. минута што на крајот се покажа како конечен резултат.
Имаше Милан неколку шанси за погодок, посебно онаа во 87 минута кога по ударот на Флоренци противничките дефанзивци ја запреа топката на гол линијата. Претходно судијата не покажа пенал за Милан по консултација со колегите од ВАР собата.
Салернитана е на 16. место со 26 бода.

ПретходноКлуб од Саудиска Арабија на Заха му нуди плата од 10 мил. евра
СледноПартизан од -20 до победа над Црвена Звезда пред рекорден број на гледачи