Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген полека но сигурно влегува во историските книги на Каталонците. Германецот на голот на барса синоќа во победата на гости кај Атлетик во Билбао со 1:0 го запиша својот 150-ти меч во дресот на клубот без да прими гол.
Ова е трет најдобар резултат во историјата на „блауграна“. Рекордер е Виктор Валдес со 237 „чисти“ натпревари, а по него уште една легенда на клубот, Андони Зубизарета со 172.
Тер Штеген е во Барселона од 2014 година и наскоро би можел да атакува и на второто место на вечната листа.