Тричко е новиот рекордер на АЕК Ларнака со 258 настапи! (ФОТО)

188

Како што и официјално објавија од страна АЕК Ларнака, еден од најдобрите клубови на Кипар, од вечерва има нов рекордер по број на настапи во историјата на клубот. А тоа секако дека е Иван Тричковски. Имено тој на мечот со Аполон, кој сега се игра, го забележа 258 настап, што го прави играч на АЕК Ларнака со најмногу настапи во историјата.

Македонецот веќе седум години е во овој клуб, досега урна неколку клупски рекорди, а еве од вечерва е и рекордер со најмногу настапи.

May be an image of 3 people and text

ПретходноАлбанците прашувале дали Лука Дончиќ би можел да игра за репрезентацијата на Косово!!!
СледноЖешка е клупата во ПМФЛ: Само во Силекс немаше тренерска смена во текот на оваа сезона!