Чави по „голготата“ во Билбао: Златна победа!

134

За тренерот на Барселона, Чави Хернандез победата над Атлетик Билбао е една од најважните оваа сезона. Каталонскиот гигант успеа да ја преживее голготата на оваа средба во која противникот доминираше на терен, но Барса со голот на Рафиња дојде до победа и ја задржа предност од девет бода пред Реал Мадрид во Ла Лига.

„Оваа победа е вредна злато. Успеавме да ги задржиме тие девет бода предност. Влегуваме во „Ел Класико“ со голема самодоверба. Ја заслуживме оваа победа, имавме 2-3 чисти шанси. Најважно е дека делуваме смирено во дефанзивата, нешто што мора да го направиме и кога напаѓаме“, рече Чави.

На крајот, младиот стручњак додаде:

„Задоволен сум од ситуацијата во која се наоѓаме во моментов. Девет бодови пред актуелниот шампион и освојувач на Лигата на шампионите не се малку“, заклучи Чави.

Барселона победи на девет од последните десет натпревари во Ла Лига.

ПретходноСудиската комисија му се извини на Тетекс!
СледноЛука Станковски повторно во тимот на колото во Словенија!