Иако Барселона има голема предност, од цели девет бода пред Реал Мадрид во битката за титулата во Ла Лига, сепак ни одблизу нема еуфорија на “Камп Ноу“. Имено после скандалот со судиската “помош“, или плаќање и за тоа се очекува драконска казна, сега Барса си има проблем и со договорот на Гави.
Имено во последната пресуда стои дека Гави не може да игра за Барса според новиот договор, односно тој не може да биде регистриран за клубит според тој нов договор. Сепак ова не значи дека младиот играч за врска, кој е една од главните “алки“ на тренерот Чави, нема да може да игра за Барса, туку тоа може да го прави само со стариот договор. А сето тоа придонесува Барса да си има проблем со буџетот за платите.
Познато е дека на 31 јануари Барселона го доби спорот со кој каталонците бараа Гави да биде регистриран според неовиот договор. Ла Лига се жалеше и таа жалба е усвоена.