Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше дециден на денешната официјална прес конференција реваншот во Лигата на шампионите против Ливерпул дека овој меч ќе биде потежок за неговиот тим отколку за противникот.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше дециден на денешната официјална прес конференција реваншот во Лигата на шампионите против Ливерпул дека овој меч ќе биде потежок за неговиот тим отколку за противникот.
“Натпреварот утре ќе биде потежок за нас отколку за Ливерпул. Тие ќе атакуваат од првата минута, немаат што да загубат. Резултатот е добар, но ќе ни биде потешко. Имаме неколку дилеми околу тимот на Ливерпул за утрешниот меч и ни треба искуство и енергија“, – рече Анчелоти па додаде.
„Не зборувавме многу за добриот резултат од првиот натпревар. Не правиме калкулации. Нема да играме затворен или отворен фудбал, ќе се обидеме да нападнеме. Играчите го разбираат тоа. Мислам дека тоа ќе биде отворен меч. Мораме да направиме две работи добро, а тоа е да се браниме и да напаѓаме. Ќе размислуваме повеќе за нападот“, вети Италијанецот па продолжи.
„Односот меѓу Дешамп и Бензема е лична работа. Ги почитувам и двајцата. Во Италија велиме дека не треба да го ставате прстот меѓу односите на двајца луѓе. Ова е нешто за што Карим не зборува и мислам дека тоа не му пречи“, – коментираше Анчелоти околу односот на најдобриот фудбалер на светот во моментов и селекторот на Франција.
“Камавинга е важен за нас, тој работи многу добро. На последниот натпревар направи грешки, но играјќи добро ќе не натера да ги заборавиме. Против Еспањол направи лоша грешка, а потоа одигра многу добро”– се осврна Анчелоти на прашањето околу Камавинга па поентираше со својот став околу Еден Азар.
„Нашиот однос со Азар не е ладен. Почитувајте го и него. Тој не игра затоа што на неговата позиција има играч како Винисиус на кој му оди многу добро“, – финишираше Карло Анчелоти.