Обрадовиќ му одговори на Ивановиќ!

1392

По победата на „црно-белите“ во дербито во АБА-лига, од тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ беше побарано да ја коментира изјавата на тренерот на Црвена Звезда, Душко Ивановиќ: И Звезда и Партизан знаат дека Звезда ќе победи во плеј-офот“. Шефот на црвено-белиот тим рече дека го „чувствува“, а на ова пред новинарите одговори Обрадовиќ.

„Никогаш не си дозволив да зборувам на начин да знам што мисли некој друг. Со тоа кажав се. Се разбира, верувам во мојот тим, како што секогаш верував. Имаме сезоната каква што имаме. Во Евролигата зависиме сами од себе, што е добра позиција. Распоредот е многу тежок? Исклучително е тешко. Во АБА лига имаме повеќе победи треба да се обидеме да го одбраниме тоа и да се обидеме да ја има предноста на домашниот терен. Во плеј-офот знаете – енергија, желба и студена глава. Ќе видиме кога ќе дојде тој момент“, изјави Обрадовиќ и додаде:

„Но, повторувам, дали сте ме слушнале да зборувам за тоа што мисли некој друг. Дали е тоа нормално? Ако мислите дека е нормално, тогаш што да правиме… Повторно, зборуваме за тоа како некој гледа на работите. Тоа е тоа “, додаде тренерот на црно-белите.

ПретходноБитола се мобилизира, Пелистер ја почнува новата ера!
СледноШампионот ѝ се реваншираше на Шкендија