Одредени двојките за полуфиналето на Купот на Македонија

1717

Денеска со ждрепка во Куќата на фудбалот беа одредени двојките за полуфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија.

Среќата сакаше во првото полуфинале да се сретнат екипите на Струга ТЛ и Силекс, додека втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат Шкендија и Македонија ЃП.

Според пропозициите во оваа фаза се игра по еден натпревар, по кој победниците ќе се најдат во финалето во битка за Куп трофејот. Полуфиналните дуели се на распоред на 5 април.

ПретходноАзар и Анчелоти не разговараат, Белгиецот нема намера да си замине!
СледноИвановски лесно ја мина првата пречка во Франција