Фактот што уште една година по ред, тимот на ПСЖ не успеа ни оддалеку да се приближи кон освојување на титулата во ЛИгата на Шампионите, направи богатото водство на клубот, да се реши да направи класична чистка во соблекувалната и на лето неколку играчи да си заминат.
Денешниот „Лекип“ пренесува дека во Париз нема повеќе место за Карлос Солер, Ренато Санчер и Фабиан Руиз. Тоа се играчите кои во старт си заминуваат. Следуваат Хуан Бернат, како и Хуго Екитике кој што е позајме од Ремс, и неговиот договор нема да биде откупен.
Конечно, Серхио Рамос ќе мора да си побара нова средина како најзвучно име од оние на кои им завршува мандатот во ПСЖ