Шампионот ѝ се реваншираше на Шкендија

108

Одбојкарите на Струмица Никоб синоќа триумфираа на гостувањето кај Шкендија со 1:3 (18:25, 19:25, 25:23, 13:25) во дербито на колото и им се реваншираа на тетовци за поразот на домашен терен.

Бранителот на двојната круна го потврди првото место пред разигрувањето во пресрет на последните три кола. Викендов во тековното коло, лесна победа обезбедија велешани на домашен терен против Весна Пробиштип и Работнички кој во драма во пет сета славеше на гости кај Лирија.

Кај дамите, дебито во Струмица го доби Наковски Волеј победувајќи го вицешампионот јанта Волеј со 3:2. Шампионот Работнички со максимални 3:0 славеше кај Фит Фан Волеј.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (7.коло)

Лирија – Работнички 47&22    2:3 (20:25, 25:22, 25:23, 17:25, 8:15)

ГОК Борец – Весна Пробиштип   3:0 (25:8, 25:17, 25:13)

Шкендија – Струмица Никоб 1:3 (18:25, 19:25, 25:23, 13:25)

Табела: Струмица Никоб 16-1, Шкендија 14-3, ГОК Борец 14-3, Работнички 9-8, Лирија 7-10, Весна Пробиштип 6-11.

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (7.коло)

Петровец – Македонија Џио      0:3 (9:25, 15:25, 20:25)

Универзитет во Тетово – Штип УГД 3:0 (31:29, 25:22, 25:17)

***Слободна е екипата на Сушево

Табела: Универзитет во Тетово 9-7, Штип УГД 7-8, Сушево 4-11, Македонија Џио 2-14, Петровец 2-14.

Прва лига (жени), Втора фаза-1, (4.коло)

Фит фан волеј – Работнички Скопје         0:3 (23:25, 18:25, 14:25)

Наковски волеј – Јанта волеј             3:2 (25:21, 22:25, 25:18, 23:25, 15:8)

Табела: Работнички Скопје 15-3, Јанта волеј 14-4, Наковски волеј 14-4, Фит фанволеј 7-11.

Прва лига (жени), Втора фаза-2, (4.коло)

Вардар жени – Македонија Макс 3:0 (25:6, 25:17, 25:7)

Струмица жени – Вардар ЕМ 3:1 (25:20, 24:26, 25:22, 25:13)

Табела: Вардар жени 9-9, Струмица жени 7-11, Вардар ЕМ 6-12, Македонија Макс 0-18.

ПретходноОбрадовиќ му одговори на Ивановиќ!
СледноЛШ: Интер по прво четвртфинале во 12 години, „биковите“ по сензација на „Етихад“