Во новата битолска ера: Пелистер го победи Нексе за второ место во групата!

450

Е.Пелистер го совлада Нексе со 27-23 во дебито на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски на клупата на актуелниот македонски првак. Во четвртфиналето битолчани ќе патуваат од второто место во групата. Имаше шанси македонскиот тим да заврши како прв, водеше со осум гола разлика, но брзо ја прокоцка.

Херојот во редовите на Пелистер е Марко Кизиќ во финишот одбрани седмерец, трет на оваа средба, зад своето име имаше седум одбрани вкупно, Лесјак запиша 11. Васиљев со 6 гола беше прв стрелец, Кисум запиша четири погодоци.

Битолскиот тим по само една минута го превзема водството на мечот и го диктираше темпото. Поведе со 4-1 и 5-2. Во продолжение одржуваше позитива од еден од три гола. По последните 10-9, македонскиот вицепрвак со серија од 3-0 поведе со 13-9, беше и 14-10. Никсе на одморот намали на 14-11.

По само пет минути игра во вториот дел, Пелистер преку Васиљев поведе со плус четири 16-12. Битолскиот тим не застана тука, во 42 минута, со головите на Павле Атанасијевиќ и Хосни дојде до разлика од седум гола (21-14), имаше и 22-15. Петар Атанасијевиќ во 48. минута зголеми на плус осум 25-17, со оваа разлика почнаа и последните десет минути (26-18).

Нексе четири минути подоцна со двата гола на Северец и еден на Цар намали на 27-23 во период кога Пелистер имаш играч помалку на теренот. Кизиќ одбрани важен седмерец, па нов напад на противникот, но неговите соиграчи не искористија два напади. Кизиќ во последните секунди одбрани пенал и го остави својот тим на второто место на табелата.

ПретходноТотенхем се помири: Кејн се продава за 116 милиони евра!
СледноКожув после две години го победи ТФТ!