Вучиќ и Курти го одлагаат дербито Воска – Пелистер за во среда

3423

Дерби дуелот од 21.коло помеѓу Воска спорт и Пелистер нема да се одигра во сабота во ист термин како и другите средби. Мечот кој е закажан за 18 март (сабота) во Охрид ќе се одигра на 22 март (среда). Причината за ова е што на 18 март во Охрид ќе се одржи средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти поради што фокусот ќе биде ставен на истата, па фудбалскиот меч ќе мора да се одложи.

На табелата Воска е на третото место со 47 бода, а Пелистер е место подоле со 43 бода. Инаку првиот дуел во есенскиот дел од сезоната во Битола заврши со резултат 1:1.

ПретходноПоранешниот вардарец и европски шампион со Германија потпиша за клуб од Катар
СледноАнчелоти: Реваншот е полесен за Ливерпул отколку за нас