Ефес за малку ќе испуштеше победа над Реал Мадрид

78

Европскиот шампион Ефес славеше победа над Реал Мадрид со 90-89 во меч од 24 коло на Евролигата. Ова беше меч од голема важност за турската екипа за да се искачи на местата кои водат во плеј-офот. По оваа победа бранителот на трофејот остана на 10. позиција на табелата со скор од 14-14. Реал пропушти да се искачи на врвот.

Во третата четвртина Ефес имаше и предност од 17 поени (77-60), меѓутоа во финишот се доведе во ситуација да се „тресе“ за победата. Реал дојде и до предност (83-84), но на крајот Ефес ја врати предноста од шест поени по одлична серија по што на кралскиот клуб му беше тешко повторно да се врати.

Шејн Ларкин беше најдобар на теренот со 18 поени. Неговиот соиграч од Ефес, Брајант постигна 17 поени. Кај Реал, Џанан Муса постигна 16 поени, додека Габриел Дек 15.

ПретходноМЗТ со нова победа, Куманово пружи отпор само во првата четвртина
СледноИграч на Ливерпул падна во несвест по судир со глава (видео)