Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа ги започна настапите на ИТФ Челинџерот во Поитие во Франција. Денеска во првиот настап, Калин со 2:0 (6:2, 6:4) славеше над Чехот Доналд и обезбеди место во осминафиналето.
Таму за противник ќе го има подобриот од пресметката меѓу Французинот Реко и Русинот Вилажанин.
Инаку ИТФ турнирот во Поитие се игра за награден фонд од 15.000 долари.