Лапорта: Едвај чекам да се соочам со никаквеците кои ни го нарушуваат угледот!

630

Жоан Лапорта тврди дека Барселона работи според правилата и дека против неговиот тим се води голема хајка од страна на љубоморните луѓе. Првиот човек на каталонскиот гигант потенцира дека едвај чека да се соочи со оние кои сакаат да го урнат угледот на клубот. Емотивно зборуваше во своето излагање.

Барса е во сериозни проблеми во случајот со купување судии и против нив е поднесена кривична пријава за корупција.

„Едвај чекам да се соочам со оние кои сакаат да го нарушат нашиот углед. Чувствата кон Барселона не можат да се купат ниту да се продадат, но не смеат ниту да се прљаат. Околу мене има луѓе кои го скаат клубот, имаше шестоки напади, кои немаат врска со вистината.

Можете да бидете сигурни дека Управниот одбор со кој раководам јас ќе се брани со сета сила. Капитените на теренот ги претставуваат нашите вредности и чувства. Тоа го покажуваат на терен и даваат се од себе до последна капка крв. Некои се љубоморни и се обидуваат да го нарушат нашиот рејтинг со лоша кампања. Барселона е клуб со врендности, признат и ценет, иако многумина се обидуваат тоа да го нарушат“, изјави првиот човек на клубот.

Тој пред неколку дена истакна дека обвинувањата немаат никаква смисла,

„Не им биде јасно дека Барселона не купува судии, никогаш немала намера да купува судии, никога“.

ПретходноКлеј Томпсон испиша историја во првото полувреме против Феникс (ВИДЕО)
СледноНови потресни сцени од светот на фубалот, но со среќен крај: Се урна на теренот, тренер го врати во живот (ВИДЕО)