Откако стана јасно дека Украина како држава нема да знае кога точно ќе биде способна нормално да функционира со оглед на воениот конфликт кој се одвива на нејзината територија, првичниот план оваа земја заедно со Шпанија и Португалија да биде домаќин на Мундијалот во 2030 година отпаѓа.
Па така, на местото на Украина како кандидат влетува Мароко, држава чија што репрезентација на штотуку завршениот Мундијал во Катар имаше огромен успех.
Кандидатурата ќе треба наскоро да биде предадена, а Украина сеуште не е дефинитивно отшадната. Туку, во еден момент можеби и таа ќе се појави како четврти организатор на турнирот.