Екипата на МЗТ Скопје запиша убедлива победа на гостувањето кај Куманово со 68-88 во рамките на македонската кошаркарска лига. Куманово пружи отпор на почетокот на мечот, ја доби првата четвртина со 27-23, а понатаму се се вртеше околу МЗТ. „Штрковите“ го свртеа резултатот во своја корист и ја билдаа предноста. Клучна беше третата четвртина која шампионот ја доби со 17-28 и тука веќе го реши победникот.
Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Куманово, Марјановиќ со 21 поен, а неговиот соиграч Глигоријевиќ постигна 11. Кај МЗТ најмногу поени постигна Кук – 17, Дамјан Стојановски постигна 14, Абу 12…