Поранешниот шпански фудбалски судија Едуардо Итуралде Гонзалес, откри дека пред 12 години, во сезоната 2010/2011, имал непријатна средба со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Гонзалес во радио емисијата „Кадена СЕР“ рече дека Перез се обидел да го затвори во соба и да разговара со него за да влијае на судењето. Сакал да му суди на Реал исто како Барселона.
“Го прашав дали се шегува и му кажав дека нашиот разговор е завршен. Го пријавив за половина час во судиската организација. Ова никогаш досега не ми се случило. Никогаш не сум бил затворен во соба од претседателот на клуб освен Флорентино Перез“, Итуралде Гонзалес.
Интересно е што тој реши да излезе во јавноста со оваа приказна токму во моментот кога се води истрага против Барселона, чиј поранешен претседател Хозе Марија Бартомеу е обвинет за поткуп на судии.
Бартомеу и тогашната управа на Барселона уплатиле пари на сметка на компанија која ја води влијателен член на судиската организација.