Нови потресни сцени од светот на фубалот, но со среќен крај: Се урна на теренот, тренер го врати во живот (ВИДЕО)

280

Фудбалот, како најважна споредна работа на светот, често со себе носи и несакани сцени. Така беше вчера во Кувајт на натпреварот меѓу младинските екипи Ал Араби и Ал Тадахмон.

Во еден момент, играч на гостинскиот тим колабираше на теренот и беше јасно дека се работи за многу тешка ситуација. Дотрчаа лекарите, настана вистински хаос на теренот, а потоа на сцена тренерот Русмир Цвико.

Цвико реагираше храбро, но пред се професионално и младиот фудбалер дојде при свест, иако многумина веќе помислија најлошото.

Тој беше префрлен во болница, а од клубот подоцна соопштија дека е во стабилна состојба.

ПретходноЛапорта: Едвај чекам да се соочам со никаквеците кои ни го нарушуваат угледот!
СледноГо удри Петрушев, па го зема мегафонот и дивееше со „Гробари“ (ВИДЕО+ФОТО)