Денеска со ждрепка во Куќата на фудбалот беа одредени двојките за полуфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија.
Среќата сакаше во првото полуфинале да се сретнат екипите на Струга ТЛ и Силекс, додека втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат Шкендија и Македонија ЃП.
Според пропозициите во оваа фаза се игра по еден натпревар, по кој победниците ќе се најдат во финалето во битка за Куп трофејот. Полуфиналните дуели се на распоред на 5 април.