Општа тепачка во НБА-лига: Го удри во лице, па го давеше, Адетокумбо во неверување (ВИДЕО)

1275

Јанис Адетокумбо го водеше својот Милвоки до победа против Сакраменто од 133-124. Покрај триумфот на Бакси и добрата партија на грчкиот кошаркар од 46 поени и 12 скока, оваа средба ќе биде запаметена по чудниот финиш.

Адетокумбо одлучи да ја задржи топката до самиот крај, чекајќи времето да истече, но Треј Лајлс направи груб фаул врз него. И самиот Јанис остана во чудење, бидејќи на 15 секунди до крајот при осум разлика беше фаулиран. Овој потег најмногу го извади од „патики“ Брук Лопез, кој веднаш истрча кон кошаркарот на Сакраменто. Наеднаш настана хаос на теренот, Лајлс го оттурна Лопез во делот на лицето, по што следеше одговор на центарот на Милвоки, се фатија за врат, па на крајот се вмешаа сите кошаркари, брзо ја смирија целата ситуација.

ПретходноГо удри Петрушев, па го зема мегафонот и дивееше со „Гробари“ (ВИДЕО+ФОТО)
СледноСтадионот на англискиот гигант се распаѓа: Течат фекалии, навивачите во шок (ВИДЕО)