Повредата на младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо е полоша отколку што се стравуваше, така велат информациите од Олд Трафорд. Фудбалерот се здоби со повреда за време на ремито без голови против Саутемтон кога влезе како резерва, но издржа само 17 минути и беше принуден да го напушти стадионот со патерици.
Иако тренерот на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг по натпреварот изјави дека нема ништо сериозно со Аргентинецот, според информациите, повредата на Гарначо е посериозна и напаѓачот нема да може да и се приклучи на репрезентацијата на Аргнетина за претстојните пријателски натпревари со Панама и Курасао. Новинарите на Островот прогнозираат дека играчот сигурно е надвор од терените барем до крајот на март. Инаку се работи за повреда на скочниот зглоб.