Кристијан Дисингер ќе ја продолжи кариерата во Катар. 42-годишниот германски ракометар објави на Инстаграм дека потпишал договор со Ал Духаил до крајот на сезоната.
„Нов предизвик до крајот на сезоната! Спремен сум да се борам за титули“.
Дисингер играше за Вардар до 2021 година, со „црвено-црните“ беше и европски клупски првак и потоа замина во Динамо Букурешт па од таму оди во Катар.
Инаку тој има 42 настапи за Германија и злато од ЕП 2016 година во Полска како и бронза од Игрите во Рио истата година. Пред Вардар, Дисингер играше за најтрофејниот германски клуб Кил.
View this post on Instagram