Сити го растури Лајпциг, „машината“ Халанд даде ПЕТ гола за 35 минути! (видео)

513

Норвешкиот бомбардер Ерлинг Халанд беше во центарот на вниманието на „Етихад“ вечерва со тоа што постигна четири гола во победата на Манчестер Сити над Лајпциг со 7:0 на реваншот од осминафиналето на ЛШ. Со тоа Сити го елиминира германскиот тим со вкупни 8:1 (1:1 беше на првиот меч) и се пласира во четвртфиналето.

Халанд во првото полувреме, поточно од 22. до 45 минута реализираше перфектен хет-трик, односно голови со лева и десна нога и со глава. Само што почна второто полувреме Гундоган зголеми на 4:0, а потоа уште два гола даде Халанд, за во 94 минута убедливата победа да ја заокружи Кевин Де Брујн.

Норвешкиот ас ги реализираше петте голови за 35 минути (од 22 минута кога го даде првиот гол па до 57 минута кога го постигна петтиот) што е подобро од рекордот на Лео Меси во 2012 (84 минути за пет гола) и Луиз Адриано во 2014 година (82 минути).

 

 

ПретходноХаланд му даде ПЕТ гола на Лајпциг и застана до рекордерите Меси и Луиз Адриано
СледноИнтер издржа на „Драгао“ и по 12 години се пласира во 1/4 финалето на ЛШ