Тотенхем очигледно се поми со фактот дека летово ќе има уште еден силен напад за нивниот најдобар фудбалер Хари Кејн. Според весникот „Мирор“, првите луѓе на „Спарс“ веќе ја одредиле и цената за која Кејн може да го напушти тимот ова лето.
Според изворот, лондончани за голгетерот ќе бараат најмалку 116 милиони евра. Англискиот репрезентативен напаѓач има уште една година од договорот со Тотенхем, но засега нема индиции дека ќе стави потпис на нова соработка. Тоа води до најавите дека Кејн си оди од „Вајт Харт Лејн“ ова лето.
Манчестер Ј. и Баерн во моментов се најзаинтересирани за него. Англискиот репрезентативец , вообичаено е воздржан околу најавите за промена на средината и за тоа не сака да зборува во медиумите.