Халанд му даде ПЕТ гола на Лајпциг и застана до рекордерите Меси и Луиз Адриано

233

Ерлинг Браут Халанд вечерва блескаше во дресот на Манчестер Сити затоа што постигна пет гола на реванш мечот со Лајпциг. Тој практично сам го елиминира германскиот тим, три гола постигна од 22 до 45 минута, а во второто полувреме уште два за вкупно ПЕТ гола (беше заменет во 63 минута).

Покрај Халанд уште двајца фудбалери дале пет гола на еден меч во ЛШ.

Лео Меси беше првиот. Тој во дресот на Барселона во 2012 година му даде пет гола на Баер Леверкузен (победа од 7:1) во реванш осминафиналето на ЛШ.

Неговиот рекорд го достигна Луиз Адриано во 2014 година. Бразилецот како играч на Шахтјор Доњецк постигна пет гола во победата над БАТЕ Борисов со 7:0 во групната фаза.

ПретходноАнчелоти: Реваншот е полесен за Ливерпул отколку за нас
СледноСити го растури Лајпциг, „машината“ Халанд даде ПЕТ гола за 35 минути! (видео)