Еден Азар призна дека не комуницира со Карло Анчелоти, но дека нема намера да го напушти Реал Мадрид. Белгиецот е во немилост кај италијанскиот селектор, не добива шанса ниту кога е здрав ниту кога нема офанзивни играчи во тимот.
Азар во едно интервју призна дека не разговара со Анчелоти.
„Мојот однос со Анчелоти? Има само почит, но не разговараме меѓу себе“, рече Азар и продолжи:
„Ми недостига да бидам фудбалер, сакам да играм и да се забавувам. Сакам да се чувствувам корисно. Исто така сакам да останам во Реал Мадрид и тоа е она што отсекогаш сум го велел. Луѓето имаат одредени сомнежи, но јас се гледам себеси овде следната година. Трансфер не е во моите планови. Длабоко во себе се уште верувам дека можам да донесам нешто во тимот и дека тренерот ќе смета на мене. Ќе видиме до крајот на сезоната дали ќе играм повеќе“, рече Азар.
Белгиецот сезонава одигра само седум натпревари, со еден гол и една асистенција, има ли причина да се верува дека нешто ќе се промени?