Партизан ја совлада Црвена Звеза со 92-81 во вечното дерби во АБА-лига. Најдобар кошаркар во редовите на „црно-белите“ беше Лесар кој постигна 27 поени. По завукот на сирената овој кошаркар тргна кон Филип Петрушев, го оттурна, сакаше физички да се пресмета, но веднаш реагираа останатите играчи. На теренот влета и тренерот, Жељко Обрадовиќ, кој мечот се извини за однесувањето на својот кошаркар.
Mathias Lessort went after Filip Petrusev after the final whistle in Partizan – Crvena Zvezda game 😳pic.twitter.com/qFdaKiF8bb
— BasketNews (@BasketNews_com) March 13, 2023
По овој инцидент, Лесар истрча кај навивачите, го зема мегафонот и ја прослави победата со нив.
На овој меч беше урнат и рекордот на посета на еден меч во АБА-лига, на трибините имаше 17.124 гледачи