И официјално, Драган Џајиќ ќе го води фудбалот во Србија

462

Откако кандидатурата на Немања Видиќ не беше прифатена, и откако Драган Џајиќ остана единствен кандидат, легендарниот српски фудбалер, а потоа и функционер, и официјално е нов претседател на Фудбалската Федерација на Србија.

Огромата полемика која што се создаде во јавноста во Србија, денес и официјално е разрешена откако Џајиќ со огромно мнозинство на гласови, 78. од вкупно 85. е избран за нов водач на фудбалот кај нашиот северен сосед.

Околу Џајиќ и неговата способност да ја води федерацијата имаше огромни дилеми, пред се поради неговата возраст. Џајиќ има 77. години во моментов, и десет години не извршувал никаква функција.

Видиќ засега остана надвор од федерацијата, а овој негов обид се сметаше за почеток на еден нов бран на фудбалски функционери во Србија. Во моментов тој мора сепак да почека.

FOTO SPORTAL RS

ПретходноЗа Суперкупот на Италија во иднина ќе се борат четири екипи
СледноМихаилов: Струга е фаворит, но верувам во подвиг и пласман во финалето