Македонската женска репрезентација до 16 години денеска победи на првиот натпревар од УЕФА развојниот турнир во Бугарија. Нашите репрезентативки ја победија Црна Гора на пенали со резултат 5-4 и секако приредија голема радост како во нивниот табор, така и во јавноста која што го следи женскиот фудбал.
Секако ова е уште еден показател дека имаме иднина и во женскиот фудбал и дека овие девојќи заслужуваат да бидат наградени со должно внимание и адекватен статус.