Тимот на Силекс полека но сигурно станува куп експерт. Два пати по ред играше финале во ова натпреварување, а сезонава еве дотурка до полуфиналето. Денешната ждрепка вели дека Силекс во оваа фаза ќе се сретне со Струга Трим Лум, екипа која што атакува на двојна круна. Мечот ќе се игра во Струга што значи дека во старт домаќинот ќе има предност што се вели.
„Се работи за полуфинале. Еден натпревар во кој што се е отворено. Нормално, како домаќин екипата на Струга ТЛ е фаворит, но ние си имаме свои цели. Сакаме по трет пат едноподруго да играме во Куп финалето.
Верувам дека ќе биде интерен меч, во кој што се е можно. Ќе повторам, Струга е фаворит,но, во Куп мечевите секогаш се можни изненадувања, а со оглед на фактот како играме на гости во последно време, сум оптимист и верувам дека можеме да направиме подвиг и да се пласираме во финалето“ – вели за Спортмедиа тренерот на Силекс, Горазд Михаилов.