Некогашниот миленик на скопската публика која ревносно го следеше во големите успеси своевремено својот РК Вардар, шпанскиот стратег Раул Гонзалес од сегашна временска дистанца сеуште со огромна радост се сеќава на големите успеси постигнати со „црвено – црниот“ состав.
Шпанецот е во моментов кормилар на големиот ПСЖ но како што самиот признава во својата најнова колумна, ниту видел, ниту ќе види подобра ракометна атмосфера како онаа во Скопје.
„Во 2014 година дојдов во Вардар, што се покажа како неверојатно искуство за мене, прв пат како прв тренер на една екипа. Бев навикнат на изненадувања уште од времето како играч и тоа ми послужи добро во Скопје, па брзо „кликнавме“ со луѓето од Вардар. Во 2016 година бевме елиминирани во битката за фајналфор од Фленсбург, но следната сезона блеснавме. Тоа беше неверојатно, нешто за што може да се напише книга. Имавме добра сезона, а потоа во Келн ги победивме Барселона и ПСЖ со по еден гол разлика. Минаа шест години, а се уште немам зборови да го опишам тоа чувство“, вели Раул Гонзалес па поентира.
„Не бевме фаворити во Келн, ги изненадивме гигантите и го кренавме пехарот во ЛШ. А во Македонија? Тоа беше тотално лудило… Исто така бев и селектор на Македонија, така што добро знам колку им значи ракометот на Македонците. Кога се вративме во Скопје, имаше над 100.000 луѓе на улиците за да ги поздрават шампионите. Тоа беше неверојатно, со рака на срце можам да кажам дека Македонците се најдобрите ракометни навивачи во светот. Начинот на кој го поддржуваат својот тим, страста кон спортот и кон своите идоли, тоа го нема никаде на друго место“, коментира Шпанецот.