Дирекорот на Интер, Бепе Марота во својата последна изјава и дефинитивно потврди дека на лето, Ромелу Лукаку ќе се врати во тимот на Челзи со кого има актуелен договор. Интер го позајми напаѓачот надевајќи се дека тој ќе ја пронајде формата од некогаш, која што и му донесе трансфер вреден 114 милиони евра во Лондон но од тоа не бидна ништо.
„Да, како и да одигра Лукаку до крајот на сезоната, тој на лето ќе се врати во Лондон. Едноставно тој не ја пронајде формата поради која што беше доведен. Сезонава беше несекојдневна поради Мундијалот, но како и да е Лукаку не одигра онака како што очекувавме“ – изјави Марота.